Не запираат проблемите на 21 годишната девојка од Штип за која јавноста дозна од видео-клипот на кој се гледаше како физички ја тепаат двајца мажи, а беше објавен на социјалните мрежи. Непосредно по настанот, починал таткото кој и бил едниствената поддршка и поткрепа, бидејќи мајка и поради здравствени проблеми е сместена во психијатриска установа.
Таа вели дека неговото срце не можело да ја издржи болката со која се соочила и дека причината за срцевиот удар било сознанието дека е тепана и малтретирана. Таа вели дека иако се казнети двајцата штипјани што ја нападнаа, таа и понатаму живее во страв, затоа што се уште ја вознемируваат од скриени броеви.
Таткото и ја оставил со неподмирени кредити од над 200 илјади денари, неплатени сметки за струја, вода и кабелска. Во овој момент единствено и помага чичко и, но како што таа вели, тој повеќе нема сили затоа што има свое семејство и давачки кои мора да ги подмири.
Вработувањето за оваа девојка и е единствената надеж да си го врати детето, кое пред една година е дадено на згрижување. Како што објасни Кте, кога се породила била со нарушено здравје и социјалните служби морале да постапат вака, затоа што немало кој да се грижи за него.