Женско тело завиткано во црна најлонска кеса било пронајдено вчера покрај патот кај скопското село Горно Оризари. Идентификацијата на младата жртва се уште трае во Институтот за судска медицина како и утврдување на причината за смртта.

Се претпоставува дека станува збор за насилна смрт затоа што телото не било закопано туку само фрлено покрај патот. Телото било пронајдено од страна на вработен во Комунална хигиена, по што по налог на јавен обвинител било префрлено на судска медицина.

Од полицијата информираа дека немаат пријава за изчезнато лице, ниту пак било каква друга информација која би можела да помогне во идентификација на телото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here