Здраво Nickarth,

Пред една седмица најавивме дека работиш на нова музика, ветениот збор даден на нашата публика и твоите фанови го одржа, каков музички жанр поседува оваа твоја песна?

Здраво Аперкат, еве сум повторно дел од вашата рубрика. Верувајте, задоволството е мое. Жанрот на песнава е инди-поп , но Гугл го препознава како ПАНК од денот на моето официјално верификување, така да сеуште не сум сигурен како би го опишал жанрот на кој творам.

“Get Lost” ова е насловот на ново објавената песна, дали е создадена според вистинска сторија, што се крие позади текстот и поттикот за истата?

Вистинска приказна не постои. Песнава и спотот се инспирирани од веќе постојан лош сон кој ме демне доста време. Така да само лош сон.

Во чија креација е “Get Lost”?

Всушност јас сум комплетен автор на песнава вклучувајки од продукција, композиција,текст миксинг, видео едитинг и монтажа. За последниот допир на песната се погрижи мојот веќе премногу добар пријател и ментор Маријан Стоименов. Видеото е фрагменти од претходно снимени видеа кои ми стоеја во фиока, снимени со мојот другар Кристијан Ѓоргиев, така да решив да одземам време (2 недели) и да работам на нив, со цел да ставам крај и продолжам понатаму.

Според тебе, каде ја гледаш оваа песна .. на настапи низ фестивали, во ноќни клубови, или емитување на радиски и ТВ медиуми?

Кога работам на музика секогаш се фокусирам на поголема маса на луѓе, но за жал никогаш не завршувам таму. Не би рекол дека е песна за во клуб, но би се поистоветил дека песнава е со силна порака и одличен vibe за подобар увид на ситуации од денешницава. Секунда не дели од радост или тага. Не било се розево.

Летото е пред нас, што следно треба да очекуваме од Nickarth?

Летово работам на многу проекти. Завршувајќи ја песнава сфатив дека мора да работам на уште еден спот поврзан со истава приказна, надевајќи се на крај на цела сага. За фалење, веќе имам некои контакти со англиски продукциски ќуќи кои година дена наназад беа недостижни за мене, но еве сме сега, на иста маса. Надоврзано на тоа, имам снимано и монтирано 2-3 музички видеа кои би требало да излезат наредниот месец во соработка со артисти од Англија, Албанија, Италија, Америка. Иако се соработки, јас сум двигателот на сите проекти затоа визуализирам само успех.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here