По признанието на пратеникот Павле Богоевски дека во снимениот разговор не договарал продажба на кокаин, туку на масло од канабис (по нелегален пат), бројни реакции излегоа во јавноста од повеќе јавни личности. Некои бараат оставка, други проверка за негово користење на опојни супстанци, други го ставаат на „каменот на срам“, а има и такви кои го оправдуваат.
Актерот Драган Спасов Дац на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка.
-Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес-конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели“, напиша Спасов Дац , кој самиот поднесе оставка од местото директор на МНТ по сообраќајна несреќа, која тој ја предизвика .
Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници и функционери двапати годишно треба да бидат проверувани за за употреба на психотропни супстанци.
-Функциите носат привилегии, но мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за легализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон конзумирањето на психотропни супстанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави. Јас исто така мислам дека треба да има тестови за општа интелегенција, смета Најчевска.
Новинарот Љупчо Златев се соменва дека Павле Богоевски ја зборува вистината кога кажува дека договара купување масло од канабис, а не кокаин.
-Маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти во снимениот разговор велиш „Спреми ми пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши и тешко е да се стави во таква мала количина во шприц.
2. На пазарот, друже Пајо, има два вида на „грамови“. Еден е пакуван кој се продава улично и чини околу 3000 денари. Но, како што тврдат конзументите, во тој пакуваниот скоро никогаш нема 1 грам кокаин, туку најмногу 0.5, 0.6 грамови. Ова што според снимакта го порачуваш е познато како „мерен грам“, неговата цена е околу 5000 денари и кога тој ќе се стави на вага покажува точно 1 грам. Ти бараш дилерот да ти спреми „пола“, така што тој еден цел „мерен грам“, ти го дели и половина ти продава за 2500 денари. Во исто време, како што тврдат конзументите, со таквиот начин на набавка се купува далеку почист кокаин. Што има да ти спрема во маслото кое тврдиш дека го купшуваш? Невозможно е да се спреми пола кубик масло.
3. Конзументите сведочат дека кокаинот е единствената дрога која дилерите ја доставуваат до дома. Така што друже, секој обид патетично да се извадиш ти пропаѓа во вода, пишува Златев.
-Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е! – напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук профилот.