Морбили се потврдени кај три случаи во регионот. Станува збор за двегодишно дете од Штип и две возрасни жени од Кочани, вработени како медицинска сестра и хигиеничарка во одделението за педијатрија во Кочани.
Медицинската сестра е со полесна клиничка слика, додека детето и хигиеничарката, се уште се наоѓаат на Инфективното одделение во Штип:
„Сите хоспитализирани пациенти се со одреден вид на компликации“, истакна Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница – Штип.
Појавата на морбили во Штип , особено кај дете и стравот од ширење на заразата, ги мобилизираше градинките па таму веќе се преземаат мерки за заштита:
„Ги следиме сите промени кај дечињата и за секоја кожна промена ги информираме родителите да ги однесат кај матичен лекар, по што бараме потврда дека не е во прашање заразна болест. Досега во нашата градинка нема ниту еден случај на морбили“, кажа Билјана Трајчевска, дир. на ДГ „Астибо“ – Штип.
„Имаме зајакнати мерки на хигиена, почесто проветрување на просториите и зајакнати контроли“, кажа Софка Атанасова, дир на ДГ „ Вера Циривири Трена“ – Штип.
Внимателноста е неопходна, зашто се работи за болест која се пренесува исклучително лесно:
“Ова е исклучително лесно преносливо заболување и може само со поминување покрај болен со морбили да се пренесе заразата“, кажа д-р Марија Глигорова, дир. на Здравствен дом – Делчево.
Најголема опасност се невакциноираните деца, а нив на ниво на регион ги има околу 1.000.
Друри две третини од нив или 664 деца се во Штип, што претставува 8,8 % од вкупниот број на деца кои подлежат на вакцина и ревакцина против МРП. Од нив, на предучилишна возраст се 550 дечиња или 11,7 %.