По емитувањето на премиерата, на големо задоволство и барање на штипската јавност, Репитициона 04 се враќа на сцената со репризни изданија.
Се работи за претстава работена по драмскиот текст на американскиот автор Леонард Герш.
Дарк Лав е насловот на новиот сценски проект на самостојната актерска група Репетициона 04 од Штип.
Приказната која раскажува за младо слепо момче, кое се иселува од домот на својата егоистична мајка, и напорите, наспроти хендикепот како пречка, да се вклопи во обичното катадневие, со помош на неговата енергична млада сосетка, младите актери ќе ја доловат на сцената на Домот на културата Ацо Шопов.
Млади, амбиционзи и неодоливо харизматични, оваа актерска екипа со секое ново појавување, дополнително ги освојува срцата на театарската публика.
Одлична вест за сите кои не успеале да ја проследат премиерата, вечерва со старт од 20 часот, репризно издание во Домот на културата – Ацо Шопов.