Разрешениот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, се огласи во јавноста велејќи дека се повлекува со неотповиклива оставка од функцијата, како и дека за неговата работа единствено одговара пред Бога, но спремен е да одговара и пред законот. Тој вели и дека е длабоко трогнат од нецивилизираната кампања која се водела против него.

„Последните денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања што јас ја сметам за нецивилизирана, а која што се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во РСМ. Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на кој било да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека единствениот и конечен судија за делата на секој човек е и ќе биде секогаш единствениот семоќниот Алах“, вели Реџепи во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here