Руското министерство за одбрана објави снимка од најновите стратегиски подморници на руската морнарица „Кнез Владимир“ и „Казањ“. Тие треба да станат дел од руската флота до крајот на 2019 година.
Руското министерство соопшти дека овие две пловила ќе го одредат правецот на развојот на руската подморничка флота, како и дека ќе го зголемат одбранбениот потенцијал на земјата и ќе ја засилат позицијата на Русија во светските океани.
„Кнез Владимир“ е водечката подморница од петтата генерација „Бореј 2“, а опремена е со балистички проектили.
Подморницата „Казањ“, која припаѓа на класата „Јасен“, може да нурне до длабочина од 520 метри и таму да остане до 100 дена, додека максималната брзина ѝѝ е 31 јазол.
Во соопштението на руското министерство за одбрана се наведува и дека до крајот на оваа година ќе бидат направени седум борбени бродови, вклучувајќи три нуклеарни и една дизел-подморница.
https://www.youtube.com/watch?v=yb_MwJ7360Q