Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се претставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.

Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев, Забрчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад.

https://www.youtube.com/watch?v=-OYbE0lbPmM&feature=emb_logo

– Сопрен е хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забрчанец.

Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема приметено дека е жртва на пранкерски напад.

Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје. Тој вели дека е добар предлогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги преферирале западните земји зошто тука не се живеело добро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here