Рускиот град Краскнојаск беше домаќин на првото аматерско првенство во удирање шлаканици. Учесниците имаа задача да се удираат по лицето додека едниот од нив не е нокаутиран.
Натпреварувањето се одржа на 16 и 17 март и на аматерите им овозможи шанса за докажување. Сличен настан беше организиран минатата година во Москва, но на истиот учество зедоа професионалци, кои се бореа за титула.
Правилото е едноставно – кога еден од двајцата натпреварувачи повеќе не е способен да удира, победник е неговиот противник. Кога и двајцата стојат на нозе по три удари, судија одлучува за конечниот резултат врз база на силата и технката употребена кај едниот од нив.
Забранети се удари по задниот дел од главата, ушите и очите со цел да се осигура безбедноста и здравјето на храбрите учесници.
Комотски лесно стигна до првата позиција и за тоа доби скромни 30.000 рубљи или во превод околу 470 евра. Корпулентниот Русин доби покана од организаторите на настанот да учествува во натпревар со професионалци, каде сигурно ќе наиде на посурова конкуренција.