Обвинителката Вилма Рускоска во интервју за емисијата „Код“, без да споменува имиња, рече дека две oбвинитeлки од СЈО стапиле во контакт со неа и ја прашале дали треба да дадат искази во Обвинителството.

Рускоса изнесе на виделина дека на снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во некои разговори меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски се слуша глас и на јавен обвинител.

Обвинителката додаде дека случајот кај неа го пријавил премиерот Заев, по што било одлучено постапката да се почне од сведокот. Таа информираше дека се сослушувале и други бизнисмени кои можеби биле цел на рекетот.

За рекетираниот бизнисмен вели дека дал пари за да биде олеснета постапката против него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here