САД би можеле први да добијат пристап до вакцината против коронавирусот, којашто ја прави „Санофи“, бидејќи вложиле повеќе пари од Европа, изјави Пол Хадсон, извршниот директор на оваа француска фармацевтска компанија.

– Владата на САД има право на најголема нарачка, бидејќи вложи во преземање на ризикот“, истакна Хадсон, за Блумберг, а пренесе бриселскиот портал Политико.

Санофи, еден од најголемите светски специјалисти за вакцини, ја започна трката за развој на вакцина кон средината на февруари, најавувајќи партнерство со Агенцијата за истражување и напреден развој во биомедицинскиот домен, која е во надлежност на Министерството за здравство на САД.

Санофи соопшти дека ќе ја користи својата рекомбинантна ДНК технологија за да „го забрза пристигнувањето на потенцијална вакцина за Ковид-19.

Американската организација за напредни биомедицински истражувања и развој (БАРДА) вложи 30 милиони долари во една од двете пробни вакцини коишто ги развива „Санофи“, користејќи технологија на компанијата “GlaksoSmitKlajn” (GSK).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here