Гостивар последниве неколку часа е потресен од самоубиствo извршено со огнено оружје и еден смртен случај на другиот крај од градот.
Човекот кој се самоубил е на возраст од 48 години. Алсат дознава дека имал многу семејни и финансиски проблеми.
Како што соопштија од полицијата:
Во 17,55 часот во ЦИК-Тетово било пријавено дека во напуштен објект кај наплатната рампа „Гостивар“ спроти „Леснина“, М. Б. (1972) од с. Долна Бањица-Гостивар, извршил самоубиство (пукајќи си во главата со пиштол засега НН марка и НН сопственост).
Речиси истовремено, маж на возраст од 55 години починал на периферијата од градот, според првичните извештаи, од срцев удар.
Полицијата ги испитува случаите, а на местото на настанот се присутни истражни органи.