Атрактивниот бенд “Само Тони и две жени” оваа 2019-та ја започна со нов сингл именуван – “Ширам љубов”. Во период кога можеби повеќето од нас ја забораваат суштината на љубовта, бендот не потсетува за нејзината потреба и значење.
Во интерпретација на Тина Стојанова, текст и музика на Марија Докузова, а во аранжман на Само Тони, “Ширам љубов” дефинитивно е новиот музички “вирус” на македонската сцена.
Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење. Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, слушнете во продолжение како звучи новата авторска песна на бендот “Само Тони и две жени”, ве уверуваме во демант!