Срам и арам, без образ и без морал, СДС фатен на дело како купува гласови!

Јавноста е фрапирана и згрозена од активностите на СДС во Штип.
На неколку избирачки места во нашиот град, бесрамно и надвор од морално политичко однесување, партијата на власт врши поткуп на гласачи!

Реториката за европски и фер избори очигледно е далеку од реалноста. Локални шерифи се шетаат низ градот и потпомогнати од власта и припадници на МВР директно влијаат на изборниот резултат.

Присуството на МВР е повеќе од декор, затоа ги повикуваме набљудувачките мисии на ОБСЕ, МОСТ, Цивил и сите релевантни институции да превземат итни мерки за расветлување на овој бесрамен и дрзок чин на кршење на Изборниот законик!

Господа од власта, ова не е начинот преку кој ќе ја спречите казната од народот, знаеме и знаете дека таа допрва ќе ве погоди.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here