Сагата со случајот кој пред повеќе од седум години ги однесе во смрт Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски точно на Велики Четврток, додека ловеа риба кај Смилковското езеро никако да заврши.

Додека најблиските бараат правда со болка во душите, случајот уште нема судска завршница откако го презеде СЈО.

Свирепо се убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани а обдукцијата покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, затоа што се најдени чаури од три различни типа муниција, што алудира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

оживотна казна затвор за тероризам за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута – донесе првично Основниот суд Скопје 1 со првостепената пресуда . Единствено петтоoбвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.

Меѓутоа, случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство а Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се првообвинети не ги дава Косово кое молчи по барањата на Министерството за правда. Од министерството известуваат дека постапката е во тек, но се уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.

Koсовскиот колега на Спасовски не знае каде се Демири и Исмаиловиќ?

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа пред помалку од еден месец изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети во случајот „Монструм”.

Тој кажа дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи во согласност со законите по барањето за нивна екстрадиција.

„Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here