Како што велат нашите информации, а цел град под Исарот веќе брoи наголемо, Брегалница добива нов, моќен спонзор и тоа во името на фирмата Кит Го. Фирма која пред 5-6 години беше само спореден спонзор на „сините“ и фирма која сега го држи тимот на ФК Кит Го од Пехчево. Се шпекулира дека првиот човек на Кит Го имал намера од Брегалница да создаде голем тим и тоа не само во Втората Лига – Исток, туку и клуб кој во Првата Лига би играл важна улога.
После се ова останува прашањето што со Кит Го од Пехчево, што ќе биде со тој клуб. Веројатно Кире Гогов има идеја што и како во иднина и со двата клуба. Секако дека сега останува да видиме што ќе се случува во текот на следните неколку денови, дали тоа е остварлива идеја, Кит Го да биде главен спонзор на штипските „сини“ или не.