Доктор од приватна здравствена установа во Штип е меѓу новите заболени случаи на ковид-19, како и две текстилни работнички. За докторот се претпоставува дека е од кластерот со заболената медицинска сестра со која работеле во иста ординација, пренесува СДК.

Тој е на домашно лекување, додека пак двете текстилни работнички се примени на Инфективното одделение во Штип.

Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Штип ги потврдува овие случаи, но засега нема детали дали тројцата се поврзани со ист кластер на заболени.

Од ЦЈЗ Штип велат дека во тек се епидемиолошките анкети и се земаат брисеви од контактите на заболените.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here