Корана вирусот се шири меѓу работничките во новата, осма штипска конфекција, каде вчера беше регистриран првиот случај, а веќе денеска има неколку случаи. Епидемиолозите во задолжителна самоизолација ставиле десетина работнички, кои имале близок контакт со заразената колешка. Во оваа конфекција нема да се прави масовен скрининг, туку ќе се тестираат работници по појавени симптоми. Штипските епидемиолзи реагираат и што доцнат резулатите од првите контролни тестови за 53 те работнички од првата конфекција, која беше затворена минатиот месец. Од резулатите зависи дали ќе се прави вториот, доколку им е негативен можат да се вратат на работа.
Откако минатата недела беше затворена зградата на Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, денеска на работа со скратено работно време и по пат на ротации се враќаат вработените од фондот за здравствено осигурување.
Вработените задолжително носат маски и се држи социјалната дистанца од над два метра. Поминати се деновите во самоизолација за двајцата вработени, но од превентивни причини деновиве ќе останат дома, додека лицето кое е заразено со коронавирусот е во добра здравствена состојба и се лекува во домашни услови, вели Емилија Ефремова раководител на п.е ФЗО-Штип
Погорниот кат за вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигуравње останува затворен. Таму од 17 вработени кај седум беше утврден вирусот, а неколку се во самоизолација. Откако ќе им заврши период на самоизолација ќе чекаат инструкции од централата во Скопје.