Ташко Дојчинов можеби е единствен во Република Македонија кој има две функции и зема две плати од исто место- Буџетот на државата. Тој истовремено е претседател на совет на општина Гевгелија, а на 18 октомври 2018 година со одлука објавена на Службен весник бр. 191 е избран за член на Државна Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, комисија која ја основа Собранието на Република Македонија и таа функција се извршува професионално.

Изгледа кога Заев изјави на “Само вистина“ дека платата во Македонија е веќе над 500 евра, изгледа мислел за Ташко Дојчинов ? Платата во Државната Комисија е околу 60.000 денари, а надоместокот за член на совет на општина не е помал од 15.000 денари.
Од законот за основање на оваа Државна Комисија според членот 3 претседателот и членовите на комисијата функцијата ја извршуваат професионално, што значи дека не смее да имаат друг работен однос освен како членови на Комисијата, а во никој случај да имаат политичка функција како претседател на совет на општина бидејќи се работи за акумулација на функции.

Дополнително, во видеото подоле кое е објавено на веб страната на општина Гевгелија, Ташко Дојчинов ја води 23-та седница на општина Гевгелија од 20 февруари 2019 година (среда) во ден кога би требало да ги извршува своите работни обврски и во Државната Комисија.

Овие тела кои ги основа Собранието на Република Македонија се регулаторни тела и по правило не смее да ги извршуваат членови на органи на политички партии на што укажуваат и извештаите на Европската Комисија. Но и во овој случај како и во многу други, се работи за партизација ?
Од јавно достапните податоци Ташко Дојчинов освен што има две функции, на државно и локално ниво, во декември 2017 година бил избран за претседател на Општинската организација на СДСМ во Гевгелија за периодот од 2017-2021 година. Кога некој го бива, го бива за се!

Прашањето кое го поставува јавоста е што работи Антикорупциската комисија ? Од податоците за имотната состојба на функционерите видно е дека Ташко Дојчинов поднел два анкетни листови за неговата имотна состојба едниот како член на совет а другиот како член на Државната Комисија, па оттука прашуваме дали Антикорупциска корупција знаела или можела да знае дека лицето Ташко Дојчинов извршува две функции во исто време ?
Антикорупциска комисија би требало да ја испита процедурата на именување како член на државната комисија, дали се исполнети законските услови при именувањето и дали се повредени законските одреди за забрана за вршење на повеќе од две функции ?

Извор: magazin.mk/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here