За 2017 година скопјанец во својата годишна даночна пријава евидентирал 212 милиони денари што е и највисок годишен бруто – приход во Република Македонија, објави денеска Управата за јавни приходи.

Втор на листата со остварен годишен бруто приход од 207.587.649 денари, исто така, е граѓанин од Скопје. На листата со највисоки приходи пријавени во Годишната даночна пријава за 2017 година има и граѓани од Струга со остварени 135.137.869 денари. Од останатите во Топ-10 сите се скопјани, освен еден битолчанец и сумата се движи од 128 до 93 милиони денари

Највисоката годишна бруто плата во 2017 година изнесува 167.687.011 денари, исплатена во секторот здравство во Скопје, а потоа следуваат платите од 123,3 и 96 милиони денари на уште двајца скопјани во трговијата и фармацијата. Останатите плати во Топ-10 се од 56,6 до 48,7 милиони денари, а тука покрај скопјани, има двајца охриѓани и по еден од Струга и Дебар.

Највисокото „дополнително примање и надоместок од работен однос“ изнесува 46.307.898 денари на годишно ниво.

Прилепчанец заработил 44 милиони денари за една година од камати, а стружанец дури 202 милиони денари од дивиденди.

Скопјанец заработил максимални 52 милиони денари од кирии, а негов сограѓанин добил 32,7 милиони денари од авторски права.

Битолчанец примил 55,5 милиони денари од пензија и други приходи, а скопјанец примил странска пензија од 5,7 милиони.

Жител од Тетово пријавил 10 милиони денари од игри на среќа.

Самостоен земјоделец добил 5,7 милиони денари од продажба на свои производи.

Најмладиот кој заработил над 10 милиони денари во 2017-та е 20-годишен, а највозрасниот има 86 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here