Хрватскиот институт „Plavi svet“ објави дека, благодарение на дојавите од граѓаните, во вторникот кит долг петнаесет метри конечно бил пронајден во Јадранското Море во близина на Стариград-Пакленица.
Пред два дена експертите на Институтот ги повикаа граѓаните да им помогнат да го пронајдат китот, кој со денови се наоѓа во каналот Велебит, за да се утврди неговата здравствена состојба.
Китот е пронајден, но на вработените во Институтот времето не им одеше од рака.
-Китот беше на самиот раб на претстојната бура и по неколкуте појавувања се гњурна во водите… Но, вредеше – напишаа од Институтот на Фејсбук.
Додадоа дека китот што го видоа е возрасно животно, долго околу 15 метри.