Еден од советниците на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е позитивен на Ковид 19. Станува збор за Мухамед Исмаили за кого МВР вели дека не се заразил на работното место.
Последната средба на Чулев и Исмаили се случила на 24 мај. Потоа почнале да се јавуваат симптоми кај него, од 2 јуни не се појавува на работа, а на 6 јуни направил ковид тест што покажало позитивен резултат.
Засега нема лица во изолација од кабинетот на Чулев, соопштуваат од МВР и дополнуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на вработените.