Антониа Гиговска синоќа ја пеела „Writing’s on the wall” која во оригинал ја пее Сем Смит за последниот филм за „Бонд“. Своите црвени столици веднаш ги подигнале Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набргу тоа го направиле и леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац.
Со голем аплауз и овации, како од жирито, така и од публиката, беше поздравен и овој настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во „Пинкови ѕвездички – Сите ѕвезди“. Младата скопјанка го помина и овој круг од музичкото натпреварување, а пофалбите и донесоа и сози на очите.
„Ме убива оваа малечка“, шепотела Гоца Тржан за време на настапот на Антониа.

„Ти си секогаш точка на ’и’. Ти со својата енергија и став на сцената исполни се. Тоа е суштина на пејачот. Ти си фромиран пејач, формирана девојка си…Тоа е еден од твоите огромни квалитети“, рекла Гоца Тржан.
„Твоето животно определување е да бидеш шампион. Доби талент, сега оди само напред“, рекол Милан Станковиќ, а Кија додала:„Мене ми е чест што те слушам“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here