ОСМАНИ: Сè уште има простор за договор за датум за изборите, медијацијата на Вархеи е добредојдена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на државата Стево Пендаровски утре ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, и одржувањето на изборите.

ЈО: Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка.

ЗАСИЛЕНИ контроли и строго постапување на инспекторите кон оние што не ги почитуваат препораките за спречување на коронавирусот најави денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

ПАЗАРНИТЕ инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите.

КАКО преку јавно достапни алатки може да се види кои домашни медиуми постепено влијаеле за креирање на погрешните мислења поврзани со 5Г-технологијата (5G), истражува тимот на КриТинк.

ПОПОВСКИ: Дел од граѓаните сè уште не веруваат дека коронавирусот постои, мора да се бориме против лажните вести.

ДОМАШНА картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40% од последната основна нето-плата.

ВО последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, известува министерот Венко Филипче.

ЕДИНСТВЕНИОТ советник албанец избран во листата на ДУИ во Ресен од денес ќе ги претставува политиките на Движењето БЕСА.

ИСЕЛУВАЊЕ од студентските домови од 15 јуни до 3 јули.

ВО Прилеп еден новозаболен од Ковид-19, а еден нов случај и во Црнилиште во општина Долнени.

ФЛАМИНГАТА кои досега беа во карантин, претпладнево се вселија во своето ново живеалиште во Скопската зоолошка градина.

ФИЛИПЧЕ: Двете ќерки на најстарата излечена пациентка, откако оздравеа, даруваа конвалесцентна плазма.

ЕВРОПСКАТА комисија предлага следната недела да се отворат границите на ЕУ.

СЛОВЕНЕЧКАТА компанија Пипистрел го произведе првиот 100 отсто електричен сертифициран авион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here