Њујоршката полиција уапсила 37- годишен маж кој влегол во католичката катедрала Свети Патрик во Њујорк со канти полни со бензин, течен гас и запалка.

Веднаш откако осомничениот влегол во катедралата која се наоѓа во центарот на Менхетн му пришол припадник на обезбедувањето , соопштила њујоршката полицаја.

Кога се свртел за да помине бензинот од кантите му се истурил на подот,а чуварот веднаш ги информирал полицајците кои биле распоредени пред црквата, пренесе АП:

Полицијата веднаш го уапсила 37- годишниот маж и тој бил однесен на сослушување, изјави Џон Милер заменик на комесар за разузнавање и антитероризам во њујоршката полиција.

Според неговата изјава осомничениот кај себе имал канти со околу 18 литри бензин, две боци со течен гас и запалки, што било причина за голема загриженост.

Осомничениот при сослушувањето во полиција изјавил дека минувал низ црквата за да стигне од Петата авенија до Авенијата Медисон и дека неговото комбе останало без бензин.

Полицијата ги проверила овие наводи и открила дека возилото на осомничениот не останало без бензин, по што мажот бил уапсен. Инаку, тој од претходно и бил познат на полицијата.

Инцидентот во Њујорк се случува само два дена по страшниот пожар на катедралата Нотр Дам во Париз.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here