Професорот по Меѓународно право на белградскиот Правен факултет, Александар В. Гајиќ, во изјава за Танјуг ја предупредува македонската влада дека има обврска да ѝ го испорача на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.
Постапката за екстрадиција мора да се спроведе во склад со Договорот меѓу Србија и Македонија за испорачување, потпишан на 29 ноември 2011 година, вели професорот.
Гајиќ додава дека изјавите на Бујар Османи дека Скопје нема да го екстрадира косовскиот државјанин, се отворен повик за кршење на обврските кои Македонија ги има кон Србија.
Вчера, косовскиот амбасадор во Скопје, Ѓерѓ Дедај, го посети Морина во екстрадиционен притвор и изјави дека очекува тој наскоро да биде со своето семејство во Косово.
Томор Морина беше уапсен на граница по меѓународна потерница издадена од Србија , а се обвинува за воени злосторства за време на косовско-српската војна на крајот од деведесетите од минатиот век.