Српската фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус. Пејачката и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ потврдиле за „Нова.рс“ дека се позитивни на коронавирус.
– На повторниот тест, Вељко и јас сме позитивни. Вељко и јас се чувствуваме добро. Немаме никакви симптоми. Ќе биде во домашна изолација до повторувањето на тестирањето – изјавила Цеца за „Нова.рс“.
Фолк-ѕвездата првично направила серолошки тест од венска крв, кој бил негативен.
Меѓутоа, после тоа таа направила и ПЦР тест, кој се прави така што се зема примерок од брис од грло и нос.
Резлутатот сепак, кажал дека Цеца е позитивна на коронавирусот.
Како што пренесува „Нова.рс“, Цеца се тестирала после семејната прослава на која била во контакт со заразена личност.