Српската информативна агенција „Танјуг“ објави информација во која ги пренесува изјавите на Премиерот Зоран Заев дадени во интервју за грчката телевизија „Алфа“, дека Македонците присвојувале туѓе историја. Информацијата ја пренесе и РТС со истиот наслов.
“Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „Алфа“ изјави дека Македонците присвојувале светска, балканска и туѓа историја. Зоран Заев наведува дека се обиделе да присвојат туѓа историја не обрнувајќи внимание на соседите”, пишува меѓу другото РТС.