Португалците пренесуваат дека преговорите меѓу клубот и претставниците на фудбалерот се во завршна фаза.

Кристијано Роналдо, без оглед на тоа дали некој го сака или не, неоспорен факт е дека е глобален феномен.

За тоа сведочи и фактот дека е најпрепознатливиот спортист на светот, со голема база на фанови на социјалните мрежи и е заштитно лице на голем број светски познати брендови.

Низ цела Португалија има негови статуи, на речиси секој чекор може да се забележи негова фотографија, но неговиот матичен клуб Спортинг Лисабон е подготвен да оди чекор понатаму.

Според пишувањата на португалски „О Жого“, Португалците размислуваат да го променат името на својот стадион „Жоао Алвеладе“ во „ЦР7“ или Алвеладе ЦР7“.

Ваквата идеја ја произнесе самиот претседател на португалските „Лавови“ Фредерико Варандас, кој така сака да го овековечи името на Португалецот.

Секако дека ова би придонело и за зголемување на популарноста на самиот клуб бидејќи Роналдо е бренд за себе, но прашање е како ќе реагираат навивачите кои воглавно се против модерните трендови во светот на фудбалот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here