По преработката на Ја излези Ѓурѓо и Слушам кај шумат шумите, браќата Стефан и Мартин повторно направија бум со преработката на песната „Нешто ќе те питам бабо“ со која буквално се надминаа себеси.
Оваа песна сама по себе буди многу емоции кај сите Македонци, а нивниот видео запис е парче историја, кое никогаш нема да се заборави.

Инаку промоцијата на нивната нова песна која е

дел од проектот за преработка на стари македонски песни беше вчера вечер во Драмскиот театар во Скопје.

„Некст тајм“ до сега добија низа позитивни коментари на социјалните мрежи за преработката.

Пред промоцијата браќата Мартин и Стефан Филиповски порачаа:

„Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“.

Оваа песна е дело на нивниот познат тим на соработници, аранжманот е дело на Никола Мицевски, а видеото е во режија на Огнен Шапковски. Инаку песната Нешто ќе те питам бабо е посветена на македонскиот војвода Тодор Александров кој бил убиен на 31 август 1924 година кај селото Лопово на планината Пирин. За неговото убиство постојат повеќе нејасни и таинствени околности, кое како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here