Не знам дали знаете какво е чувството да го гледате вашиот родител претепан. Јас знам. Гадно е.
Уште погадно е да бидеш беспомошен. Татко ми е во болница а состојбата е иста, лоша! Ова е фотографија на напаѓачот. Спиро Чорогунов.
До неа е крвавата менувачница на татко ми.
Денес добив и снимки од настанот. Околните дуќани ми дадоа материјали што фатиле нивните безбедносни камери. Ако не ги прифатат како доказ ќе ги објавам тука.
До тогаш ова е тој гнасен сурат!