Откако Еден Азар меѓу редови се прости од Челси истакнувајќи дека би било најдобро со трофеј од Лига Европа да ја заврши авантурата во клубот, со коментар околу можниот негов трансфер во Реал Мадрид се јави и првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез.
Перез јавно призна по прв пат дека сака да го ангажира Еден Азар играч кој неколку години е во нивните планови.
– Многу сум заинтересиран тој (Азар) да пристигне во Реал Мадрид и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, -истакна меѓу другото Флорентино Перез за „Онда Серо“.
Белгискиот репрезентативец многу веројанто ќе биде првата алка од новиот „Галактико“ проект на Флорентино Перез и Зинедин Зидан.