Синоќа во Скопје, на улицата „Првомајска“ дојде до страшна сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две млади момчиња.
Во несреќата животот го загуби 20-годишно момче С.Ш од село Батинци, додека другиот загинат бил на возраст од 29 години од Драчево.
Според неофицијални информации, наводно причината за несреќата била брзото возење, односно се работи за неприлагодена брзина од над 160 километри на час.
Во страотната несреќа учествуваа две возила марка Пежо и Голф 5. Како што известуваат медиумите автомобилите се целосно уништени.