Кејтлин Џенер, попознат во минатото како Брус Џенер, сака да има дете, откако ќе ги користи услугите на сурогат мајка 69-годишната Кејтлин веќе има 6 биолошки и 4 посвоени од времето кога беше маж, но по операцијата за промена на полот, едвај чека да стане мајка, заедно со нејзината 22-годишна партнерка Софија Хатченс, пренесува „Mirror“.
Извор за британскиот таблоид изјави дека Кејтлин и Софија разговарале за идејата да имаат свое дете уште минатата година, но да биде во улога на мајка е долгогодишен сон на Кејтлин.
Истиот извор исто така тврди дека нејзините две биолошки ќерки – Кендал и Кајли Џенер – не ја примиле добро оваа вест и веруваат дека девојката на Кејтлин ја притиска да има дете.
Ким Кардашијан, од друга страна, која има искуство на оваа тема, го поддржува нејзиниот „поранешен“ татко и дури му препорачала сурогат мајка.