Во доцните вечерни часови во близина на бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево дошло до судир на автомобил „рено 5 кампус“ и камион на комуналната хигиена, при што од сударот на лице место починале три лица а уште две на повредите им подлегнале на скопските клиники.
Според првичните неофицијални информации во сообраќајката настрадал поранешен припадник на МВР како и неговото цело семејство.
Очевидци тврдат дека Реното се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот. Што точно се случило ќе утврди истрагата.
Голем број вештаци вечерва беа на терен и собираа докази. Три возила на погребално претпријатие дојдоа да ги однесат телата на починатите.
Во текот на денешниот ден со подетални информации треба да излезе и МВР.