Полициските униформи стануваат двојазични откако привремениот министерот за внатрешни работи од редовите на ДУИ, Агим Нухиу, објави дека ги потпиша нормативните акти со кои амблемите на полициските униформи ќе бидат напишани и на албански јазик.

Амблемите на македонската полиција ќе станат двојазични. Привремениот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ја почна почна процедурата со потпис на актот, кој налага покрај на македонски, униформите на полицајците да бидат испишани и на албански јазик, како што стои во Законот за јазици, во оние општини каде најмалку 20 проценти од оваа заедица.

Нухиу, кој пред 15 денови ја презема функцијата од техничкиот министер Чулев, на фејсбук напиша:

Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик ( Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи… )

Но, истовремено додека се спроведува Законот за јазици, за кој високи функционери велат дека служи за подобра комуникација меѓу граѓаните, фејсбук статусот на Нухиу нема македонски превод. Го напиша само на албански јазик, но претставува личен избор бидејќи се работи за приватен профил.

Во телефонски разговор за Канал 5, Нухиу вели дека една од првите обврски во Министерството за внатрешни работи му бил овој акт, со кој дава зелено светло за почеток на процедурата во полицијата. Но, за униформите да станат двојазични, потребно е да даде согласност Владата. Привремениот министер не сака да прогнозира кога би се случило тоа, бидејќи не се знае кога ќе се формира новиот владин состав.

Пред неколку месеци беа поставени и двојазичните табли на иституциите, проследени со низа пропусти. Во градови каде нема албанско население, како во Кавадарци, Неготино и Прилеп, се најдоа табли со албански превод, а набрзо одговорните се правдаа дека станува збор за грешка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here