Трагедија на годинешниот избор за песна на Евровизија во Тел Авив..

66- годишен возач на камион Фулди Шварц загинал откако врз него за време на подготовките за музичкиот натпревар паднало осветлувањето.

Несреќниот возач по инцидентот итно бил пренесен во болница.

-Засега не обвинуваме никого. Но, како е можно да се случи вакво нешто на настан каков што е Евросонг, во кој се вложени толку пари, се прашуваат членовите на семејството на загинатиот Шварц.

Веднаш по инцидентот полицијата отворила истрага. Според магазинот „ IQ“ истрагата засега покажала дека на уредите од осветлувањето на се работело според прописите.

Организаторот на Евросонг, Израел жали за инцидентот и упати искрено сочувство до семејството на загинатиот возач.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here