На локалниот пат во село Беловиште, Тетовско, трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф. (30) од истото село, удрил пешак на возраст од девет години од Штип.
Во незгодата, пешакот добил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Гостивар.