Еден погреб во источна Германија завршил со сосема подруго расположение, откако ожалостените гости биле послужени со торта во која имало марихуана, соопшти денеска германската полиција во Росток.
Според наводите, после погребот присутните се собрале во еден ресторан во Витаген како би се послужиле со кафе и торта, што е обичај после погреб во Германија, но откако сите пробале од тортата, 13 лица почувствувале потешкотии и побарале лекарска помош, пренесува АП.
Истрагата покажала дека вработената во ресторанот, задолжена за колачи, ја замолила ќерка си да ги испече, но по грешка од фрижидерот земала погрешна торта и ја послужила.
Таа по грешка ја земала тортата со марихуана, направена за друга прилика. Полицијата истакнува дека девојката е под истрага.