Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски и официјално го доби признанието МВП за сезоната во првата лига на Кипар.
Тричковски ја зема „Златната топка“ во своите раце на свечената церемонија која се одржа во Никозија, а на која беа прогласени најдобрите во кипарскиот фудбал.
-Голема чест е што ја добив оваа награда, ова значи дека сум направил нешто многу добро во оваа сезона. Сакам прво да му заблагодарам на моето семејството за поддршката, клубот, соиграчите и сите кои гласаа за мене, –истакна Тричко кој го доби ова признание благодарение на гласовите на тренерите во првата лига.