Три девојки на возраст од 14, 15 и 19 години се водат како исчезнати во најновиот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Вчера попладне во полициската станица Чаир, скопјанецот Д.Т. пријавил дека ден претходно, околу 07,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила петнаесетгодишната С.Џ. на која тој и’ е старател.

Неколку часа подоцна, во истата полициска станица, М.М. пријавил дека ден претходно од дома во непознат правец се оддалечила четиринаесетгодишната, А.М.

Во прилепската полициска станица пак, педесет и шестгодишниот Т.Д. вчера пријавил дека на втори месецов, неговата деветнаесетгодишна ќерка Х.Д. се оддалечила од дома во непознат правец.

МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојките.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here