Тужба од претседателот на ГДУ Петар Колев денес во Основниот суд беше поднесена против новинарот Иван Бојаџиски од Штип. Според адвокатот Марјан Михов, Бојаџиски во јавноста изнел клевети и навреди па од судот бера правна и морална сатисфакција за оштетениот Колев.
„Бараме да се утврди одговорност за навреда и клевета изнесени во весникот Штипски глас кој е локален весник. Во весникот се истакнува дека Петар Колев јавно врвувал кодоши, дека изнајмил простор во Тв Стар за негова политичка пропаганда и за навреда не ја признава мак. нација“ Изјава Марјан Михов, адвокат на П. Колев)
Освен правда, Колев преку правникот застапник Михов бара и материјална сатисфакција.
Доколку судот утврди бараме тужениот да плати 100.000 за навреда и клевета изјава Марјан Михов, адвокат на П. Колев
По подолг период ова е прва тужба од страна на политичар против новинар кој во случајов е пензионираниот но активен новинар Иван Бојаџиски. Освен од Михов неколкуте наброени причини поради кои младиот политичар и искусниот новинар ке се најдат на суд, во спорниот текст мегу другото стои.
Воден од големиот порив да направи нешто од својот живот во нашата висока политика човекот на кого му ги посевтувам овие редови неодамна ја отвори и сезоната на јавно врбување кодоши. Секако, кодошите му се потребни за да ги оставрува своите политички цели. Нема кја него морал , етика, човекољубие, солидарност, барем таков не се има пројавено до овој момент. Стои мегу другото во написот на Бојаџиски.
Во врска со веке поднесената тужба ТВ Стар денес коментар побара и од новинарот Бојаџиски, тој категорично изјави дека коментар за ТВ Стар од него нема.
Секако, доколку Бојаџиски го смени својот став и покаже интерес да се произнесе во врска со оваа тема , можност има и во наредниот период за што ТВ Стар му стои на располагање . Во меѓувреме, веке на првото судско рочиште очекуваме интересно вкрствување на аргументите зашто и Колев и Бојаџиски се не само јавни туку и влијателни личности.