Сè уште е неизвесно кога ќе се отворат угостителските објекти во земјава. Претставниците на овој сектор заедно со државните институции ќе разгледуваат каков протокол за работа да донесат за да се запазат и заштитните мерки против Ковид-19. Последниот збор го имаат Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

„Оддалечени маси, маси само на отворено, а затворениот дел од рестораните и кафулињата да бидат затворени за посетителите, постојана дезфинфекција се само дел од мерките коишто Владата може да ги прееземе за угостителите да ги отворат објектите.
Угостителите беа првите кои ги затворија своите кафулиња и ресторани на 15 март како една од мерките за заштита за здравјето на граѓаните и заштита од шитење од коронавирусот во земјава.“

За разлика од кај нас, Србија одлучи од понеделник да ги отвори вратите на угостителските објекти. Масите ќе бидат одалечени на метар и пол, пијалоците пред да се послужат ќе треба да се дезинфицираат, а плаќањето ќе се врши само со платежни картички. И Словенија со речиси истите протоколи, но со услов на маса во ресторан и кафуле да седат само оние кои заедно живеат.
Од другите сектори кои полека почнаа да ја рестартираат работата се и авиокомпаните. Некои од нив веќе почнаа со продажба на билети за периодот по 4 мај, а кај нас можат да се купат билети за периодот по 17 мај. Сепак, многу држави забрануваат влез на граѓани од други земји, а други пак, апелираат до своите граѓани сè уште да се воздржуваат од патување во странство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here