Португалскиот голгетер Кристијано Роналдо одигра нова феноменална партија, па пак се запиша во книгите на рекордите на УЕФА Лигата на шампионите. Токму Португалецот е сопственик на еден куп рекорди во ова натпреварување, па фановите велат – преименувајте ја ЛШ во Кристијано Роналдо!
На дуелот против Атлетико Мадрид, Роналдо урна три рекорди. Но, кои се сите достигнувања на Португалецот?
Најмногу голови во ЛШ
Најмногу голови во ЛШ на домашните средби
Најмногу голови во ЛШ на гостинските средби
Најмногу голови во ЛШ во групната фаза
Најмногу голови во ЛШ во нокаут-фазата
Најмногу голови во финалињата на ЛШ
Најмногу слободни удари во ЛШ
Најмногу пенали во ЛШ
Најмногу голови со глава во ЛШ
Најмногу мечеви со по два гола во ЛШ
Најмногу хет-трикови во ЛШ (делба на местото со Меси)
Најмногу асистенции во ЛШ
Дали некој друг фудбалер ќе успее да дојде до овие рекорди? Тешко, барем до сите од нив, затоа што Роналдо е најдобриот фудбалер кој играл во елитата и сигурно има уште многу да покаже.
Португалскиот ас досега има настапи во ЛШ со четири тима – Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус и досега пет пати му се има радувано на „долгоушкото“ – еднаш со „ѓаволите“ (2007/08), како и четири пати со „кралскиот клуб“ (2013/14, 2015/16, 2016/17 и 2017/18).