Само десет минути пред смртта, седнал и правел шеги на сметка на мозочен удар. Рекол:„Замислете да преживеете мозочен удар, станете и проговорите велшки“, раскажал гледач од публиката…
Британскиот комичар Иан Когнито на 61. години, починал од срцев удар на сцена за време на настап, пишува Mirror. Комичарот во четвртокот седнал на столче и се потпирал неколку минути за време на шоуто во барот The Atic во Бичестер.Гледачите за британските медиуми рекле дека мислеле дека тишината е дел од претставата па продолжиле да се смеат несвесни дека не му е добро.

Набргу дошла брза помош и лекарите констатирале дека е мртов. Гледачот Џон Остојак рекол дека комичарот имал одличен настап.
„Само десет минути пред тоа седна и правеше шеги на сметка на мозочен удар. Рече:’Замислете да преживеете мозочен удар, станете и проговорите велшки’. Кога пред крај на настапот седна мислевме дека и тоа е дел од претставата. Седевме некои пет минути, го гледавме и му се смеевме“, раскажал гледачот.

Вработените во барот веднаш му помогнале на комичарот, повикале брза поомош, се обидувале да го оживеат, а ја замолиле публиката да излезе од салата.
Иан Когнито е роден во Лондон, а живеел во Бристол. Како остар и бескомпромисен изведувач го споредувале со Лени Брус и Бил Хиксон. И’ покрај фактот дека не и бил познат на широката публика, струката исклучително го почитувала и многумина го наведувале како пример. Ја совоил наградата Time Out Award во 1999 за stand up комедија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here