Кристиан Јандриоски е познат по своите чести Фејсбук објави и негодувања за актуелната Влада. Како и најголемиот дел од македонскиот народ, така и тој покажа револтираност за прогласениот карантин и забраната за посета на гробиштата и вечните почивалишта на нашите најмили.

По карантинскиот Велигден, Владата на Северна се одлучи на нов карантин за Задушница и Духовден, одлука која ги збесна православните верници.
Сепак, дел од верниците не издржаа а да не го испочитуват православниот празник и заминаа на посета на гробиштата за да им дадат почит и внимание за незаборав на своите најмили и најсакани.

Во изминатите денови Кристиан Јандриоски во неколку наврати најави дека и покрај владината одлука ќе оди на гробишта како вистински верник и голем револуционер кој ќе и пркоси на грешките и лошите одлуки на актуелната владина коалиција, а дека навистина бил на посета и покрај карантинот и полицискиот час, тој сведочеше на својот Фејсбук профил со фотографии од гробните места на своите најблиски.

Денес во раните утрински часови се јави неговата ќерка Енџи, и на неговиот ФБ профил напиша дека татка си не е дома и дека е приведен во полициска станица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here