Артур Окун е авторот на т.н. „индекс на мизерија“, особено популарен за време на мандатите на Роналд Реган и Џими Картер, пренесува Економик Тајмс.
Ова е наједноставното објаснување: „Индексот на мизеријата“ ја мери невработеноста и растот на инфлацијата. Колку бројката е поголема, толку земјата е помизерна.
Во конкретна смисла, Индексот користи четири клучни економски варијабли за да ги рангира земјите на „скалата на мизерност“:
инфлацијата,
стапката на заеми,
стапка на невработеност и
растот на бруто домашниот производ (БДП) по жител.
За да се пресмета „индексот на мизеријата“ се користи едноставна формула: БДП по жител се одзема од збирот на невработеност, инфлацијата и стапката на позајмувања.
Венецуела е на првото место на списокот, прогласена за најмизерна земја во светот, а Македонија се најде на 15-тото место. Од регионот нè претрка само Босна и Херцеговина која го зазеде осмото место на списокот.
1.Венецуела – инфлација
2.Аргентина – инфлација
3.Иран – инфлација
4.Бразил – стапка на заеми
5.Турција – невработеност
6.Нигерија – невработеност
7.Јужна Африка – невработеност
8.Босна и Херцеговина – невработеност
9.Египет – стапка на заеми
10.Украина – стапка на заеми
11.Никарагва – невработеност
12.Јордан – невработеност
13.Уругвај – стапка на заеми
14.Хондурас – невработеност
15.Македонија – невработеност
16.Ерменија – невработеност
17.Јамајка – стапка на заеми
18.Саудиска Арабија – невработеност
19.Колумбија – стапка на заеми
20.Парагвај – стапка на заеми