Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, алудира граѓаните да носат заштитни маски и во рамки на семејството со цел да се намали пренесувањето на корона вирусот.
„Научно истражување штотуку објавено во British Medical Journal констатира дека носењето на маска ја намалува трансмисијата на инфекцијата за 79% во рамки на семејството“, напиша Османи на Фејсбук.
Останува нејасно дали вицепремиерот со ова порачува да се носи заштитна маска кога има потенцијален заболен помеѓу домашните, или тоа да се прави и во стандардни ситуации.