Македонија и понатаму останува на дното на листата на земји во Европа по издвоени пари за економска помош на стопанството поради корона-кризата. Ова го покажува анализата на Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Србија. Меѓу земјите во регионот најмногу тежи подршката од Србија и таа изнесува високи 11 проценти од бруто-домашниот производ, по неа е Бугарија до 9,9 проценти од БДП и Грција до 5 проценти. Хрватска и Босна со приближо исти одвојувања од 3 и 3 и пол проценти од БДП. Последна на листата е Македонија со 1,2 проценти, а пред нас се наоѓа Албанија со 1,3 проценти од БДП.

Проценти од БДП за борба против Ковид-19:

СРБИЈА 11,0% од БДП

БУГАРИЈА 9,9 % од БДП

ГРЦИЈА 5,0% од БДП

ХРВАТСКА 3,0 % од БДП

БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА 3,5 % од БДП

АЛБАНИЈА 1,3 од БДП

МАКЕДОНИЈА 1,2 од БДП

„Најголем процент од БДП имаат дадено Германија и Финска околу 20 проценти од нивниот бруто- домашен производ директна помош на стопанството поради коронавирусот. Србија со 11 проценти од својот БДП е број еден во Југосточна Европа ако се споредиме со Босна и Херцеговина Хрватска каде нивната помош е во рамките 3 проценти од БДП, и Северна Македонија 1,2 и Албанија 1,3 проценти.“-изјави Игор Лончаревиќ- Потпретседател на НАЛЕД.

Во истажувањето се земени вкупно 36 европски земји. Геманија издвоила 20,3% од БДП, а Франција 17. Според анализата, сите земји економските пакети ги креирале во насока на одложување и намалување на даноците, финансиска поддршка на комапаниите и одржување на ликвидноста на фирмите. Мерката за субвенционирана минимална плата е застапена кај 10 од 36 земји вкучувајќи нè и нас.

Неколку развиени земји се одлучиле за надоместок за скратено работно време, мерка која ја користеше Герамнија во кризата во 2008 година. Економскиот пакет на земјава според Владата тежи 200 милиони евра. Инаку, Македонија беше рангирана на дното во Европа според помошта за спас на економијата и според покажува компаративната анализа со податоци од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Институтот за истражување на економијата „Сазадвеѓ“ од Унгарија. Тогаш со издвоените само 0,2 проценти од својот БДП, Македонија беше на претпоследното место во Европа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here